preloader

Автосалони

  • neoslide
  • сабота, септ. 12, 2020
blog-image

NeoSlide Digital Signage решението е модерен начин за визуелен приказ на инфомации кон Вашите клиенти. Bo застапништво за продажба на автомобили NeoSlide можете да го искористите како алатка за маркетинг на Вашите производи, истакнување на Вашиот бренд, информирање на Вашите услуги и пакети на еден модерен и технолошки напреден начин. NeoSlide ќе ви помогне значително да се разликувате од Вашата конкуренција.

Менаџерите за продажба и маркетинг лесно може да го имплементираат NeoSlide во нивниот план за продажба - од обезбедување топло добредојдено искуство па се до истакнување на важни промоции. Со користење на NeoSlide на повеќе екрани распоредени во Вашиот салон имате уникатна можност за приказ на Вашите маркетинг пораки како:

  • кратки рекламни видеа за промоција на Вашите нови модели на автомобили

  • постери на користени возила кои се нудат за продажба

  • специјани понуди и промоции

  • ексклузивни информации за начини на финансирање, кредити, лизниг итн

  • приказ на најнови вести и информации од областа на автомобилизмот

  • приказ на Вашата историја и застапништво

    NeoSlide можете да го искористите и во делот за сервисирање на возила. Со додавањето на NeoSlide во Вашиот сервис зналително го подобрувате корисничкото искуство со приказ на најразлични сервисни информации кои придонесуваат во намалување на времето на чекање. Исто така NeoSlide можете да го искористите за промовирање на нови сервисни услуги и крос-продажба на истите. Најпопуларни начини на користење на NeoSlide во Вашиот сервисен салон се следниве:

  • информации за услуги кои се нудат во Вашиот сервис

  • приказ на сите сервисни услуги со соодветните цени за нив

  • приказ на редоследот на чекање на клиенти и време кое треба да го поминат на чекање

  • нагласување на моменталните понуди (пример, моментален попуст за услугата за промена на моторното масло)

  • совети за одржување на состојбата на моторните возила

  • информации за најразлични програми на лојалност на потрошувачите

  • приказ на реклами на производи од надворешни соработници

  • приказ на информации за интересни факти и квизови за забава на клиентите кои чекаат

  • информации за временска прогноза или загадување на воздух

    Уште една од предноститее за користење на NeoSlide е тоа што решението можете да го инсталирате на таблети кои можете да ги поставите до возилата кои ги продавате и на кои може да прикажувате најразлични слики и видеа поврзани со самото возило, како на пример, најразличите варијанти на боја на возилото, дополнителната опрема, перформансите, дополнителни начини за подобрување на истото итн. Дополнително имате можност да додадете дигитално мени во коешто ќе бидат прикажани дополнителни информации, цени и начините на финасирање како дополнителна информација на крајниот потрошувач.

    Со NeoSlide можете да обезбедите прекрасно корисничко искуство во Вашиот салон, едукативно, информационо, интерактивно и технолошки напредно, кое ќе придонесе Вашите посетители никогаш да ја заборават посетата во вашиот салон.