preloader

Казина и обложувалници

  • neoslide
  • сабота, септ. 12, 2020
blog-image

Што е првото нешто кое го прават гостите кога ќе влезат во казино? Ако им веруваме на холивудските филмови, нестрпливиот гостин прво ќе застане за момент да го примети и впие раскошниот декор. Казината на гостинот му нудат незаборавно и гламурозно искуство кое нема да го најде на ниту едно друго место. Меѓутоа, за да ја задржат оваа луксузна репутација, казината мора секогаш да бидат во тек со најновите трендови во внтрешниот дизајн, архитектура, забава и технологија. Сето ова бара од нив да го менуваат и освежуваат нивниот изглед и услугите што ги нудат на дневна основа, но исто така и да ја пратат нивната конкуренција и секогаш да бидат подобри од неа. Една од областите каде што индустријата за игри на среќа вложува сериозно внимание е Digital Signage технологијата.

NeoSlide Digital Signage решението нуди најразлични и иновативни начини за прикажување на содржини на екран, со централизиран менаџмент, сето тоа во реално време. Можете на брз, ефективен и едноставен начин на екран да ги прикажувате џекпотите кои се нудат, бонусите, специјалните понуди итн. Дополнително, доколку се нуди можност за продажба на храна и пијалоци, можете на гостите да им се презентираат менија, специјалитети, промоции итн.

NeoSlide може да се искористи и во спортските обложувалници на сличен начин. Прикажете ги информациите за натпреварот на денот, специјалните понуди, коефициентите за натпреварите, статистика за натпреварите во живо итн. Доколку имате сопствен веб базиран сервис кој нуди дополнителни информации, NeoSlide тимот е секогаш отворен за соработка и лесно може Вашите специфични информации да се прикажуваат во рамките на NeoSlide.

Меѓутоа, една од најголемите предности на NeoSlide е што Ви овозможува Вашиот дигитален екран да го изнајмувате, односно да продавате временски слотови во кои ќе се прикажува одредена реклама, зголемувајќи ги притоа Вашите месечни приходи.

Можностите за користење се неограничени, препуштете се на Вашата фантазија, само со NeoSlide!