Кога станува збор за компанискиот пристап кон иновативноста, важно е да се обезбеди беспрекорна интеграција помеѓу клучните системи, процеси, работните протоколи и точките на пристап до самите корисници.
Бензиските станици имаат многу различни точки на пристап до самите корисници кои можат да обезбедат беспрекорно дигитално искуство. Од просторот за точење на бензин покрај самите пумпи, местото за паркинг, самиот влез на безиската пумпа па се до внатрешни екрани распоредени низ внатрешниот простор на бензиската станица. Фокусот кон прикажување на вистинската содржина на вистинското место додека клиентот се движи низ самиот објект не само што го подобрува корисничкото искуство, туку и ја зголемува ефективната моќ на самата промотивна содржина. Поради флексибилната природа на Neoslide Digital Signage решението, различните промоции можат брзо, лесно и едноставно да бидат креирани, тестирани и имплементирани давајќи и предност на Вашата компанија во однос на останатите конкуренти.
Да ги реазгледаме различните опции кои ги нуди Neoslide Digital Signage.
Без разлика дали е вграден во самата бензиска пумпа или веднаш на влезот од самата бензиска станица, дигитален екран во рамките на самото предворје на станицата е од особено стратешко значење и директно влијае на зголемување на продажбата на продуктите и сервисите. Иако времето кое клиентот го поминува во овој дел е поприлично кратко, можноста да се прикаже ефективна промотивна порака е доволен поттик за поставување на дигитален екран на оваа позиција. Најразличните производители и брендови се во постојана потрага по нови начини за маркетирање, а поставувањето на дигитален екран во самото предворје на станицата е перфектна можност тоа да се направи. Со Neoslide Digital Signage решението, покрај традиционалниот начин на приказ на видео реклами и слики, постои можност и за приказ на кајрон на кој може да се прикажат дополнителни информации за цените на бензините, работното време итн.
Neoslide Digital Signage решението исто така овозможува да се импресионираат корисниците кога ќе влезат внатре во самиот објект со поставување на дигитален екран покрај самиот влез. Neoslide им овозможува на вработените во конкретната бензиска станица да прилагодат содржината врз база на локацијата на самата бензиска станица и да ги прикажат најважните продукти веднаш на влез и тие да бидат првото нешто што клиентот ќе го види.
Во денешно време корисниците очекуваат подиректен пристап кога се работи за маркетингот. Според истражувањето на Cisco IBSG, повеќе од 40% од купувачите одговориле дека дигиталните екрани им ги смениле нивните потрошувачки навики. Поставувањето на дигитален екран на конкретни локации, како на пример над фрижидер со пијалоци, е само еден од начините на производителите на пијалоци да им се понуди ефективно место за приказ на нивната реклама, место кое е лесно приметливо за потрошувачите и го стимулира т.н импулсивно купување и ги зголемува приходите. Дури Neoslide Digital Signage решението може да се инсталира на таблети кои би се поставиле на секоја сталажа со производи и на нив да се пушти анимирана реклама, која веднаш би го привлекла вниманиетот на купувачите.
Дали во Вашата бензиска станица се нудат ресторански услуги? Додадете дигитален екран на кој ќе ги прикажувате Вашите вкусни специјалитети или пак имплементирајте Neoslide дигитални менија, додавајќи му на Вашиот ресторан модерен и луксузен лик. За повеќе информации погледнете го сценариото наменето за „Ресторани“ (https://neoslide.mk/blog/restaurants/).
Беспрекорното дигитално искуство е важен фактор при маркетирање на производите на бензискитете станици. Од можноста за инстантно тестирање на ефективноста на промоциите преку брзо и лесно ажурирање на промоциите, до персонализација и конкретно таргетирање на корисниците при нивната интеракција во рамките на Вашиот објект, Neoslide Digital Signage е клуч за Вашиот успех.