Здравствените установи секојдневно се справуваат со сериозни и проблеми кои често го загрозуваат животот. Болниците и клиниките секогаш мора да бидат лесно достапни и лесни за снаоѓање за секој посетител или пациент, без разлика на нивната возраст или здравствена состојба. Не е за изненадување фактот што во овие установи често се наоѓаат многу посетители кои не се доволно запознаени со средината околу нив. Затоа обезбедувањето на вистинските информации за нив е од огромно значење, а што е поголемата установата толку овој предизвик е покомплексен. NeoSlide Digital Signage нуди решение за овој проблем - и многу повеќе.
Скоро во секоја институција во самото лоби постои дигитален екран што е првото нешто што ќе го видат посетителите. Со помош на NeoSlide можете на овој екран да ги прикажете најважните информации на Вашата установа во Вашето лоби со помош на слики или видеа. Дополнително на овој ектран може да прикажувате дополнителни информации кои ги нуди NeoSlide како што се информации за временската прогноза, загадувањето на воздухот итн. Тимот на NeoSlide е отоворен за соработка и лесно може да додаде Ваши web сервиси во рамките на NeoSlide Digital Signage. Со сето ова значително го подобрувате самото корисничко искуство и тоа на самиот влез во Вашата установа.
Со помош на дигитални екрани распоредени на различна локација лесно може да им се помогне на посетителите да се снајдат низ Вашата установа. На пример, со прикажување на мапа можете лесно да ги насочите кон најразлични специјалисти, салата за итни случаи, излез итн. или пак можете да креирате или додадете видео анимации коишто на еден модерен начин ќе му помогнат на посетителот да се снајде.
Во зависност од специјализираноста (хирургија, стоматологија, офтамологија …) содржините во NeoSlide можат да бидат од едукативна природа. На пример, можат да се прикажуваат најразлични програми и совети, објаснувања за одредени медицински процедури, совети за здрава исхрана, иновации во медицината, информации за користењето на одредени лекови и многу повеќе. Исто така на влезот од секоја ординација може да инсталирате таблет кадешто ќе се прикажуваат информации за самата ординација или за специјалистот кој што работи во неа.
Дигитален екран може да додадете и во самите чекални на коишто можете да прикажувате содржини од забавен карактер со кои на луѓето кои чекаат привидно можете да им го исполните времето на чекање.
Постојат многу начини да се подобри корисничкото искуство во здравството и здравствените установи со користење на системот на Digital Signage, а NeoSlide го нуди токму тоа.
И многу повеќе …