Во туризмот позитивното искуство на самите гости е најважно. Хотелите, мотелите, одморалиштата, рестораните и останатите туристички објекти може да ја подобрат својата репутација со обезбедување на незаворавно корисничко искуство во денешниот технолошки напреден свет, а Digital Signage решенијата имаат огромна улога во тоа.
Решенијата за Digital Signage се хит во туризмот и угостителството врз основа на една едноставна причина - гостите го очекуваат тоа! Гостите во денешно време очекуваат угостителскиот објект да биде во тек со модерната технологија. Низ целата индустриска гранка гостинскиот впечаток за угостителскиот објект драматично се менува кога се користи систем за Digital Signage кој воведува впечаток на луксузен и модерен објект.
Земајќи ги хотелите за пример, гостите формираат мислење за истиот во привите 10 минути од нивнито пристигнување. Со инкорпорирање на дигитални екрани кои ги користат NeoSlide Digital Signage решението лоцирани низ целиот објект се овозможува гостите да стекнат неверојатен прв впечаток за хотелот. Со помош на NeoSlide може да додадете пораки за добредојде во лобито од Вашиот хотел или да прикажете интересни кратки видеа за услуги кои ги нуди Вашиот хотел и мапа за гостите да можат полесно да се снајдат. Исто така може да прикажете дополнителни информации како временска прогноза, инфомации за распоредот на слетување и полетување на аеродромите, работното време на локалните ресторани, теретани, спа-центри итн. Пред самиот ресторан може да поставите дигитален екран на којшто ќе се прикажуваат слики на вашите специјалитети и дневни менија. Во надворешниот дел на хотелот може да поставите екрани кои ќе може да ги изнајмувате за рекламни цели со што ќе ги зголемите Вашите месечни приходи.
Со NeoSlide може да го трансформирате Вашиот хотел во еден модерен и луксузен објект. Инсталирајте го NeoSlide решението на таблети, искористете ја можноста за креирање на дигителни менија и заменете ги Вашите стари истрошени печатени менија. Дополнително NeoSlide нуди можност за приказ на специјални понуди со што Вашите специјалитети ќе станат подостапни на Вашите гости. За повеќе информации Ве молиме посетете го постот наменет за ресторани.
Дали сакате NeoSlide да бидат достапни за гледање на телевизиски екрани во секоја соба? Ова не е никаков проблем - NeoSlide може да биде преточен во IP стрим којшто може да го додадете во Вашата тв платформа. Дополнително NeoSlide има соработка со NeoTV отт телевизискиот сервис на Неотел телекомуникацискиот оператор со кој можете да имплементирате комплетно решение за Вашата телевизиска платформа.
Дали можеби имате некои идеи што би сакале да се додадат во рамките на NeoSlide решението? NeoSlide тимот е секогаш на располагање за дополнителен развој и имплементација на нови фунционалности со кои би се задоволиле Вашите потреби.
Влијанието на Digital Signage во туризмот и угостителството е неоспорен. Предностите коишто ги нуди се обострани - и за самите туристички објекти и за самите гости поради што и понатаму ќе биде хит во хотилиерството, рестораните, одморалиштата и останатите туристички објекти. Digital Signage е новата движечка сила во туризмот и угостителството која што обезбедува неверојатно корисничко искуство кое ја подобрува репутацијата на самиот туристички објект. Со NeoSlide направете го Вашиот објект технолошки напреден, луксузен и незаборавен.