preloader

Станбени објекти

  • neoslide
  • сабота, септ. 12, 2020
blog-image

Користењето на Digital Signage решенијата го промени начинот на дистрибуција на информации до голем број на крајни корисници. Еден од најиновативните начини на користење на NeoSlide Digital Signage решението е во сегментот на менаџирање на станбени објекти. Во ова сценарио, дигитален екран е инсталиран во самото лоби на објектот и на него може да се прикажуваат најразлични содржини за станарите од тој објект. На пример, може да се прикажуваат најразлични слики и видеа поврзани со секојдневниот живот на станарите. Користејќи ја опцијата за прикажување на текст во долниот дел од екранот, може да се прикажуваат најразлични информации во форма на движечки текст, најразлични соопштенија, сето тоа во реално време од едно централизирано место. Дополнително, со Neoslide Digital Signage решението може да се прикажуваат информации за временската прогноза или за квалитетот на воздухот што го прави самото движење низ станбениот објект пријатно, информативно и модерно искуство.

Меѓутоа, најголемата предност околу користењето на Neoslide Digital Signage решението е можноста екранот да се изнајмува за рекламни цели што дополнително ќе го зголеми самиот буџет за одржување на објектот. Оваа можност може да се понуди на локалниот супермаркет, пицерија, ресторан, бар, автомеханичарска работилница, фризерски салон, такси компанија итн со што им се нуди можност наместо да изработуваат промотивни материјали за нивните услуги, кои во најголемиот дел само го загадуваат самиот објект во кој се поставуваат, да постават дигитална слика или промотивно видео кои веднаш би се прикажало на сите станари. Во ова сценарио сите добиваат, промотерите ги промовират нивните производи и услуги без да имаат трошоци за изработка и дистрибуција на рекламен материјал, објектот и животната средина остануваат чисти, не се загадуваат со рекламниот материјал, а и се зголемува буџетот за одржување на самиот станбен објект.

Доколку имате проблем при наоѓањето на промотори, можете слободно да го контактирате тимот на NeoSlide кој е секогаш спремен да помогне.

Бидете помеѓу неколкуте кои својот станбен објект ќе го направат модерен, самоодржлив, чист и технолошки напреден.