preloader

Финансии, правни институции и осигурителни компании

  • neoslide
  • сабота, септ. 12, 2020
blog-image

Користењето на Digital Signage решение во банките, осигурителните куќи или правните фирми се повеќе наликува на начинот на користење на Digital Signage решенијата во малопродажната трговија. Иако ефикасноста и обезбедувањето на квалитетна услуга сеуште представува примарен фокус, со тек на време, корисничкото искуство е од особено значење. Ова опфаќа не само представување на услугите, туку вклучува и едукација и подобро запознавање на корисниците, нивна забава и можност за крос-продажба на останати услуги. За што поточно станува збор и што се нуди NeoSlide, во продолжение од текстот.

NeoSlide Digital Signage решението може да служи како платформа за серија од презентации на слики и видеа сп цел информирање на корисниците. Наместо некој од вработените во експозитурата да го троши своето време објаснувајќи им на корисниците дури и најосновни информации, со Neoslide, на еден екран во форма на презентација може да се прикажуваат најразлични информации, финансиски извештаи, известувања за промени, подобрувања, нови услуги, поврзани услуги, мапа на експозитурата и сл. кои на клиентот може да му бидат од особено значење. Огромниот преднос на користењето на NeoSlide Digital Signage во однос на традиционалните, статични начини за приказ на информации е можноста за приказ на поширок спектар на информации, за пократко време и појасно, за да се избегнат евентуални конфузии кај клиентите.

Со користењето на дигитални системи од било каков вид, интерактивни или не, значително се подобрува корисничкото искуство. Меѓутоа, вреди да се напомени дека интерактивноста игра огромна улога во ефикасноста на самото управување со клиентот. Банките и другите установи каде долгите редици се секојдневие, можат да користат интерактивни таблет дисплеи на кои можат да се најдат информациите кои конкретно се потребни, наместо да се чека во редот само за да се праша одредено прашање или насока. Со помош на NeoSlide, може да се додадат подменија каде корисникот со едноставен потег ги најде потребните информации.

Не само кога станува збор за банките, туку и во други случаи, Neoslide може да се искористи за намалување на перцепцијата на времето на чекање на клиентите во долги редови. Дополнителнолно Neoslide нуди можност и за приказ на различнби информации, како на пример временска прогноза, загаденост на воздухот или пак на корисниците може да им се прикажуваат најразлични интересни статистики поврзани со самата експозитура или местото каде се наоѓа, информации за локални настани итн. Голем дел од клиентите чекаат заедно со нивните деца, па за нив можат да се прикажуваат на екран цртани филмови. Приказот на курсот на валутите е исто така важна информација која може да се прикаже и која најчесто е потребна. Доколку се направи соодветна интеграција, за што тимот на NeoSlide е секогаш спремен, може курсот да се превзема од одредени веб базирани сервиси и да биде точен во секое време.

Промоцијата на нови услуги и предности исто така може да биде дел од NeoSlide и прикажана на дигитален екран. Презентацијата и убедувањето од страна на некој вработен е застарен начин кој сите се трудат да го избегнат. Со дигитален екран, истата цел се постигнува на многу поефикасен начин, без притоа клиентот да се чувствува застрашено доколку нешто не му одговара. Многу банки, на пример, користат апликации или веб страни кои се достапни за нивните клиенти. Со NeoSlide на екран може да се прикажат информации токму за овие апликации и начинот на нивно активирање и користење. Новите кредитни картички или пакети од услуги исто така можат да се прикажат со помош на NeoSlide.

Крос-продажбата е исто така интересен начин на пристап кон веќепостоечките клиенти, на кои им се нуди нова услуга. Со ова се зголемува лојалноста на корисниците кон институцијата и се намалува ризикот тие да се префрлат во друга. Прикажувањето на сите понуди и сервиси е опција, но прикажувањето на конкретни понуди на конкретна група од клиенти, во специфичен термин е одличен начин на маркетинг. На пример, над шалтерот за платен промет, може да се прикажуваат на екран информации поврзани со клиентите кои ја користат токму оваа услуга.

Обезбедувањето на информации од витално значење е уште една предност на NeoSlide решението, особено во институции каде клиентите бараат нешто повеќе од само извршување на трансакции. Во другите финансиски институции, како на пример правните институции поврзани или осигурителни друштва, што повеќе информации им се презентираат на клиентите толку полесно ќе се снаоѓаат низ самата институција. На пример, во една правна институција, во самото лоби може да се постави екран на кој ќе се прикажуваат информациите, кои можат да вклучуваат и совети околу можните опасности кои можат да им наштетат на нивниот случај, како на пример директна комуникација со спротивната страна без правна консултација.

За крај, подобрувањето на корисничкото искуство, заедно со ефикасноста се главните бенефити од користењето на NeoSlide Digital Signage решението. Прикажувањето на најразлични содржини, менаџирањето во реално време како и едноставноста на самото менаџирање се далеку поефективни, помодерни и покомфорни за потенцијалните клиенти во однос на класичниот начин на рекламирање со изработка на промотивни материјали или еден-на-еден комуникација помеѓу вработените и клиентите, а дополнително, се намалуваат и самите трошоци за принтање, дизајнирање, дистрибуција и обуки. Инсталирање на NeoSlide решението на таблети дополнително ќе придонесе кон подобрувањето на корисничкото искуство и ќе им го олесни снаоѓањето на самите корисници низ институцијата на еден модерен начин.