preloader

Ресторани

  • neoslide
  • недела, јан. 10, 2021
blog-image

Модернизирајте го Вашиот ресторан со NeoSlide Digital Signage решението! Прикажете ги Вашите специјалитет на голем дигитален екран, Вашите специјални понуди на денот, прикажете ги Вашите менија на таблети, бидете поблиску до Вашите гости - сето тоа брзо, лесно и едноставно, со само неколку клика. Искористете ги екраните во Вашиот простор, изнајмувајќи ги за рекламни цели, а со тоа зголемете ги Вашите месечни приходи.

Со NeoSlide добивате многу повеќе од само решение за Digital Signage. Инсталирајте ја NeoSlide апликацијата на Вашите таблети и активирајте ја опцијата за дигитални менија и со тоа прикажете го Вашето мени на таблет пред самите клиенти на еден модерен, софистициран и ефективен начин. Доколку Вашиот ресторан нуди специјални понуди, каде гостите ќе може да уживаат во ексклузивни дневни специјалитети или попусти на одредени јадења и пијалоци, лесно може да ја активирате опцијата за специјални понуди, подигајќи ја свесноста кај гостите за постоење на истите и доближувајќи ги поблиску до нив. Опциите за дигитално мени и специјални понуди се многу едноставни за користење, само припремете ги сликите кои сакате да се прикажуваат, организирајте ги во група и додадете ги на NeoSlide администраторски интерфејс. За неколку секунди истите веднаш ќе се прикажат на сите Ваши уреди.

Дали некогаш сте приметиле грешка во менијата кои веќе сте ги испринтале или пак во Вашите промотивни материјали кои стојат во Вашиот објект? Дали нивната содржина е веќе застарена, па е потребно да се изработат одново? Или пак сте направиле промена на цените во Вашето мени, па сега морате во сите менија рачно да корегирате? Со NeoSlide сето ова е минато и нема да имате потреба од грижи. Едноставно, направете корекција на Вашата слика, тргнете ја старата слика од администраторскиот интерфејс и додадете ја новата, со неколку клика и синхронизација во реално време. Истото важи и за специјалните понуди. Без разликата дали Вашите понуди се менуваат на месечна, неделна, дневна база или пак можеби траат само неклку часа, лесно, едноставно и ефикасно презентирајте им ги на Вашите гости, само со NeoSlide!

Доколку сте сопственик на повеќе ресторани, а сакате во секој ресторан да имате посебно мени, да се прикажуваат посебни реклами или да имате различни специјални понуди и саката истите да ги менаџирате од една централизирана локација, со NeoSlide воопшто не треба да се грижите! NeoSlide ви нуди можност да ги групирате Вашите екрани и таблети во т.н кластери и на секој кластер да прикажувате посебна плејлиста од реклами, менија и специјални понуди.

Но што дококу имате повеќе големи екрани во Вашиот објект? Зошто не би ги искористиле за приказ на видео реклами, слики, промоции, информации, временска прогноза, информации за загадување на воздухот. часовник итн? Дополнително, овие екрани се одлично место за прикажување на реклами на надворешните соработници. Изнајмувајте им го овој простор или временски слот за приказ на нивната реклама со што дополнително можете да ги зголемите Вашите приходи.

Повеќе нема да имате трошоци за принтање на менија и промотивни материја, скапи укоричување и врамувања, нема повеќе да се грижите за нивниот физички изглед или пак за нивната веродостојност, нема повеќе изработка и принтање на хартија на флаери со специјални понуди и попусти. Намалете ги Вашите трошоци, зголемете ги Вашите приходи со изнајмување на Вашите екрани за рекламни цели, заштитете ја животната средина со тоа што повеќе нема да принтате рекламни материјали на хартија и модернизирајте го Вашиот ресторан - само со NeoSlide Digital Signage!