Според истражувањата на Nielsen Consumer, Digital Signage решенијата за 400% повеќе го привлекуваат вниманието на купувачите отколку стандардните, статични реклами. Исто така, продавниците кои користеле Digital Signage имаат 33% поголема посетеност, a со тоа и зголемена продажба.
Можноста да се обезбеди консистентност на брендот во рамките на сите продавници е еден од најголемите предизвици на големите трговски куќи на глобално ниво. NeoSlide овозможува решение токму за овој проблем, со едноставн и централизиран менаџмент, брзо и лесно може да се сменат промотивните содржини во продавниците, без да има било каква интервенција од страна на вработените во тие продавници или дополнителни трошоци за изработка на нови промотивни материјали.
Дополнително, трошоците за промотивни материјали и времето за нивна изработка можат да бидат значаен фактор при изработката на бизнис планот, според примерот на еден познат ланец на ресторани за брза храна кој се одлучи да користи Digital Signage решение. Нивниот случај се базираше на времето и парите кои беа потрошени за замена на нивните менија и цените низ стотиците ресторани распределени низ целата планета.
Иако трошоците и контролата се доста важни, сепак вистинската предност од користењето на Digital Signage решение е обезбедувањето на модерно, дигитално искуство кај купувачите. Оваа предност станува се поважна. Во модната индустрија секоја година се трошат 500 билиони долари на маркетинг. Огромните ланци за продажба на опрема поседуваат илјадници квадратни метри на примарен простор за маркетинг - нивните излози. А повеќето не се ни свесни како се можат да го искористат тој простор. Повеќето продавници сеуште користат кукли во нивните излози за да го привлечат вниманието на купувачите. Поставувањето на екран на нивните излози со NeoSlide Digital Signage, не само што делува попримамливо и попривлечно за купувачите, туку и ја зајакнува самата свест за брендот, создава врска помеѓу брендот и купувачот и обезбедува релевантност при самиот начин на маркетирање.
Релевантноста на начинот на маркетирање на производите во однос на самиот контекст носи резултат. Така барем се тврди во студијата на Adshel и Neuro-insight која е прва во светот која студира влијанието и ефективноста на контекстно-релевантниот маркетинг во дигиталниот свет. Подобрувањето во однос на традиционалниот начин на маркетинг изнесува дури 19%. Интегрирањето на NeoSlide Digital Signage решението кое во одредено време од денот прикажува одредена реклама или пак одредена маркетинг кампања се прикажува само во одредени денови од неделата е само еден пример за контекстно-релевантно маркетирање на производите. Друг начин е приказ на реклами врз база на временските услови. На пример, кога надвор е врнежливо да се прикажуваат видеа од облека погодна за врнежливо време.
Со NeoSlide приближете се поблуски до Вашите куpувачи! Пример, додадете дигитален екран во вашите гардероби и додека потрошувачот пробува одредено парче облека, на екранот можете да му ги прикажете сите оние додатоци кои ги нудите поврзани со облеката која купувачот ја пробува во моментот.
Можноста што ја дава NeoSlide може да се искористи само со вистинската содржина. И тоа, што повеќе содржина - тоа подобро! Продукцијата на квалитетна реклама и нејзин пренос во етерот може да чини илјадници долари. Затоа, во маркетингот, клучно е да се биде креативен и паметен. А NeoSlide го нуди токму тоа!
За крај, се се сведува на самиот пристап кон корисникот. Корисниците сакаат непосреден пристап, сакаат приказна и ескапизам. Продавниците за облека ги имаат најдобрите алатки на светот за креирање на ваквите приказни, преку нивната облека, изгледот и емоциите што можат да ги стимулираат. Решенијата за Digital Signage сеуште се релативно малку експлоатиран медиум, кој нуди многу, многу повеќе и представува клучен дел од сложувалката која се вика квалитетно потрошувачко искуство.