Доколку ги запрашаме сопствениците на супермаркети која е нивната најболна точка, што мислите, кој ќе биде нивниот одговор? Привлекување на повеќе купувачи во нивниот маркет? Како да им продадат што повеќе производи? Да ги информираат за производите кои се во ограничени количини или најразличните промоции? Или можеби да го подобрат и олеснат работењето на нивните вработени со тоа што ќе ја подобрат меѓусебната комуникација која ќе доведе до поголема продуктивност? Што ако Ви кажеме дека постои решение кое би решило, на пример 10 различни проблеми користејќи само еден единствен систем? Секако, можеби ви звучи неверојатно, но ова навистина постои.
Запознајте го NeoSlide Digital Signage.
NeoSlide Digital Signage решението кое представува приказ на најразлични содржини на дигитални екрани, е многу повеќе од само начин на приказ на реклами. Се работи за сериозен начин на менаџмент на најразлични промоции и можност за ефикасно насочување на самите корисници кон нив. Поголемите светски ланци на супермаркети веќе започнаа да го трансформираат начинот на кој нивните купувачи купуваат во нивните супермаркети со помош на Digital Signage решенијата. Самиот начин на комуникација со купувачите со помош на Digital Signage во значаен дел придонесува кон остварувањето на компаниските цели, го нагласува брендот, овозможува уште еден начин на разликување од конкуренцијата и ја зголемува продажбата.
NeoSlide Digital Signage решението Ви овозможува да промовирате понуди и карактеристики на Вашите производи на еден едноставен, но впечатлив начин, притоа елиминирајќи ги логистичките трошоци, трошоци за штампање, самиот рекламен материјал и негова дистрибуција. На еден екран можете да прикажете огромен број на реклами, слики или видеа од најразлични производи и промоции, брзо, едноставно, флексибилно. Дополнително, самиот објект каде што е инсталирано NeoSlide решението добива еден технолошки напреден лик, подобрувајќи го потрошувачкото искуство. Сето ова го прави NeoSlide Digital Signage решението супериорно во однос на традиционалниот начин на маркетинг на производите.
Поради лесниот, брз и флексибелен начин на менаџирање на екраните со помош на NeoSlide, можно е истовремено да се прикажуваат различни промоции на различни локации во рамките на супермаркетот, секоја со сопствени карактеристики. Сите промоции може да се сместат во различни плејлисти од една, ценрализирана точка за менаџмент, сето тоа во реално време. Дополнително, со цел брз приказ на важни иунформации, NeoSlide Digital Signage решението овозможува и приказ на кајрон во долниот дел од екранот со кој вработените и потрошувачите може едноставно и ефективно да се информираат со приказ на пораки кои можат да бидат поврзани со меѓусебна комуникација меѓу вработените, работното време на објектот, специјални понуди итн.
Во денешно време потрошувачите очекуваат подиректен пристап кога се работи за маркетингот. Според истражувањето на Cisco IBSG, повеќе од 40% од купувачите одговориле дека дигиталните екрани им ги смениле нивните потрошувачки навики. Поставувањето на дигитален екран на конкретни локации, како на пример над фрижидер со пијалоци, е само еден од начините на производителите на пијалоци да им се понуди ефективно место за приказ на нивната реклама, место кое е лесно приметливо за потрошувачите и го стимулира т.н импулсивно купување и ги зголемува приходите. Дури Neoslide Digital Signage решението може да се инсталира на таблети кои би се поставиле на секоја сталажа со производи и на нив да се пушти анимирана реклама, која веднаш би го привлекла вниманиетот на купувачите.
Како заклучок, еве само дел од придобивките на користење на NeoSlide Digital Signage: - Ја зголемува продажбата и овозможува директна интеракција со самиот корисник во реално време - Директен канал за пренос на информации поврзани не само со продажбата, туку и со ефективното работење на самиот објект - Приказ на најразлични промоции, слики, видеа, текст, временска прогноза, загадување на воздух итн. сето тоа брзо, едноставно и флексибилно. - Ја зголемува генералната слика за самиот бренд на еден модерен и иновативен начин - Овозможува уште еден начин на разликување од конкурентите - Им овозможува на купувачите лесно да дојдат до она што го бараат - Ги намалува трошоците за изработка, штампање и дистрибуција на рекламен материјал
Во рамките на NeoSlide, ние сме посветени на задоволување на потребите на нашите клиенти и отворени сме за прилагидување кон клиентските потреби, од мали па се до огромни системи, подржувајќи го секој процес и нудејќи најдобро решение.