Обезбедувањето на најновите информации на патниците поврзани со нивното патување и престој (идеално, со цел нивно повторно враќање) е од круцијално значење. Веќе одамна не важи тврдењето дека патувањето е само начин за брзо и ефикасно пристигнување до крајната дестинација, туку вклучува многу повеќе.
Поставувањето на дигитални екрани е еден од најбрзорастечките начини за подобрување на патничкото искуство од гледна точка на самиот патник, но исто така им ја олеснува и работата на самите вработени во транспортниот сектор. Дури и придонесува при намалувањето на времето на чекање на патниците.
Дигиталните екрани се веќе нормална глетка во чекалните на аеродромите, железничките станици, автобуските перони итн. и служат не само за информирање туку и за забавување на патниците кои чекаат (привидно намалувајќи го нивното време на чекање), го подобруваат нивното патничко искуство и на крај, можат да служат за инкасирање на приходи доколку овие екрани се изнајмуваат за маркетиншки цели на најразлични клиенти. NeoSlide Digital Signage решението ги нуди сите овие можности.
Првата работа што секој патник на аеродром или железничка станица мора да го види е јасна насока каде треба да оди. Помножете го тоа со стотиците односно илјадниците патници во текот на денот и тогаш ќе сфатите дека употребата на дигитални екрани е сосема разумна и неопходна инвестиција, споредбено со поставување на најразлични знаци, патокази и банери со информации. Со помош на NeoSlide Digital Signage решението исто така може да прикажувате и информации околу самите пристигнувања/заминувања на авиони, возови, автобуси итн. Веќе е направена интеграција со веб базирани сервиси за распоред на летовите, меѓутоа NeoSlide Digital Signage решението е отворено за интеграција и со останати сервиси.
Дополнително, со помош на NeoSlide Digital Signage решението можете на еден екран да прикажувате мапа на самата станица со која ќе им помогнете на патниците при снаоѓањето низ неа или пак да прикажете најразлични промотивни материјали, реклами, ресторани во близина, продавници, бутици и се што е поврзано со самиот терминал. Во самите чекални, можете да прикажувате информативни видеа поврзани со историјата на Вашиот град, културата и традициите, туристичките атракции, интересни факти, квизови итн. со што ќе ја намалите перцепцијата за времето поминато во чекање на патниците. Исто така, со NeoSlide Digital Signage решението можете да прикажувате и информации за временската прогноза, моментална и во наредните неколку дена, а може да се прикажуваат и информации поврзани со загадувањето на воздухот, кое од ден на ден е се поактуелно.
Динамичниот приказ на дигитални екрани е естетски привлечен за патниците, но дополнително има и појасна цел, информирање на самите патници, не само околу распоредот на летови, промена на времето на тргнување на воз итн, туку и за нивно брзо снаоѓање и прилагодување на местото на кое се наоѓаат.